Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на средба со жителите на скопската населба Хром, заедно со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и пратеникот Бојан Стојаноски.

На средбата беа претставени новите проекти што треба да го збогатат овој дел од општината – спортски центар, современ терен со вештачка трева, фитнес зона и детско игралиште.

„Со големо задоволство ги слушнавме нивните идеи и предлози. Масовноста и искрената поддршка што ја добиваме на секоја средба ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште посилно со работа. За Ѓорче, за Скопје!“, изјави Ѓорѓиевски, кој им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, топлиот прием и довербата.

Настанот беше дел од серијата средби со жители на различни делови од главниот град.