УТРО.мк

Ѓорѓиевски најави: Вардариште ќе стане парк од 300.000 квадратни метри

Ѓорѓиевски најави: Вардариште ќе стане парк од 300.000 квадратни метри
Vero

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со колегите Бобан Стефковски и Дејан Митески ја посетија депонијата Вардариште, која со децении претставува еколошки проблем и извор на зарази за скопјани.

Ѓорѓиевски најави дека од октомври ќе започне темелен процес за правилен третман на отпадот, целосно чистење и уредување на просторот. На местото на депонијата ќе биде изграден еден од најголемите паркови во Скопје, со површина од 300.000 квадратни метри, кој ќе претставува нова зелена оаза и „бели дробови“ на градот.

„Скопјани заслужуваат чиста иднина и здрав живот“, порача Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека проектот е дел од визијата за подобро и позелено Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран