Скопје, 1 септември 2025 – Граѓаните во дел од скопската општина Аеродром утре, 2 септември, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електро-мрежата.
Според информациите од енергетската компанија, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати следните улици: Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чавец.
Од компанијата апелираат граѓаните навремено да се подготват и да ги прилагодат своите обврски согласно прекинот.