УТРО.мк

Од 1 октомври поскапува струјата во Србија за 6,6 проценти

Од 1 октомври поскапува струјата во Србија за 6,6 проценти
Vero

Електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во Србија од 1 октомври ќе поскапи во просек за 6,6 проценти. Дополнителен раст од околу 1,9 проценти ќе имаат оние кои трошат над 1.200 киловат-часови месечно.

На барање на „Електропривреда Србије“ (ЕПС), Советот на Агенцијата за енергетика на Република Србија (АЕРС) даде согласност за новите цени за гарантовано снабдување, кои ќе почнат да важат од 1 октомври 2025 година. Од АЕРС објаснуваат дека зголемувањето е последица на порастот на надоместоците за пристап до преносниот и дистрибутивниот систем.

Претходно, Агенцијата одобри зголемување на цената за пренос за 10 проценти, а за дистрибуција за 16 проценти – прво поскапување по октомври 2021 година.

Истовремено, беше одлучено границата меѓу „плавата“ и „црвената“ зона на потрошувачка да се намали од 1.600 на 1.200 киловат-часови. Тоа значи дека потрошувачите кои ќе ја надминат оваа граница ќе плаќаат двојно поскапа струја за секој киловат-час над 1.200.

Зелената зона останува до 350 kWh, сината е од 350 до 1.200 kWh, а црвената е над 1.200 kWh. Според АЕРС, оваа промена ќе влијае на мал дел од корисниците – околу 1% во летните месеци, 3% во есен и пролет, и до 7% во зимскиот период.

И покрај корекцијата, цената на струјата за гарантовано снабдување во Србија останува една од најниските во Европа, наведува АЕРС.

Српските власти претходно му ветиле на ММФ дека ќе ја зголемат цената на електричната енергија за околу 7% и ќе ја намалат границата за влез во „црвената“ зона.

Од ЕПС дополнително информираат дека од 1 октомври и претприемачите, како и малите и микро компании, ќе можат да склучат договори за гарантовано снабдување со електрична енергија. Со тоа, тие ќе имаат можност да ги намалат трошоците во однос на сегашните и да изберат дали ќе купуваат струја на регулираното или на комерцијалното пазариште.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран