УТРО.мк

Рама: Европа мора да се обедини или ќе се распадне на сателитски држави

Рама: Европа мора да се обедини или ќе се распадне на сателитски држави
Vero

Премиерот на Албанија, Еди Рама, порача дека Европската Унија се наоѓа пред клучен избор – или ќе продолжи да се обединува, или ќе се распадне на земји-сателити. Тој ги истакна предизвиците на ЕУ за време на панел-дискусија на Стратешкиот форум во Блед.

– Главниот проблем на Европа е во која насока ќе оди. Дали ќе го продлабочи патот кон обединета Европа или ќе се распадне на различни парчиња, при што секој ќе стане сателит на некој друг, изјави Рама.

Албанскиот премиер истакна дека прекумерната бирократија и регулативи ја прават Европа потешка за бизнис и го спореди со светот кој се развива со неверојатна брзина надвор од европската сфера. Тој предупреди дека затворањето во себе и инсистирањето на „европскиот начин на живот“ може да ја изолира Европа и да го намали бројот на пријатели на континентот.

Рама нагласи дека Европа треба да го зачува својот начин на живот, но истовремено да биде отворена кон светот, како раскрсница каде што минуваат сите, а не како „тврдина со многу филтри“.

На панел-дискусијата учествуваа и Марта Кос, комесар за проширување на ЕУ, премиерите на Словенија, Хрватска и Црна Гора – Роберт Голоб, Андреј Пленковиќ и Милојко Спајиќ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран