Парламентот на Бугарија денеска на прво читање усвои законски предлог со кој родителите и старателите на деца до 12 години ќе можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина за време на летниот распуст.
Предлог-законот за измена на Законот за работни односи е поднесен од пратеничката Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а едногласно бил усвоен со 181 глас „за“.
Досегашниот закон предвидуваше ваква можност само за родителите на деца под осум години. Новата измена го проширува ова право до децата до 12 години, но исклучиво за периодот на летниот распуст.























