УТРО.мк

Утре пристигнува исплатата за граѓаните од втората Граѓанска обврзница

Утре пристигнува исплатата за граѓаните од втората Граѓанска обврзница
Vero

Министерството за финансии соопшти дека утре, 14 ноември 2025 година, ќе започне исплатата за втората година од втората Граѓанска обврзница. На сметките на граѓаните кои вложија во оваа емисија ќе бидат префрлени 17,6 милиони евра главница и дополнителни 880 илјади евра камата.

Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година, со рок на достасување од две години и годишна каматна стапка од 5%. Каматата за првата година, исто така во износ од 880 илјади евра, беше исплатена минатата година во ноември.

Овој инструмент беше воведен во 2023 година со цел да го развие финансискиот пазар и да обезбеди дополнителни извори за финансирање на економските политики. Досега се реализирани две емисии на Граѓанска обврзница, во вкупен износ од 41,1 милион евра. Првата емисија се запиша со 23,5 милиони евра, а втората – која сега се исплаќа – со 17,6 милиони евра.

Од Министерството информираат дека веќе се работи на подготовка на нова емисија.

„Во изминатиот период се спроведоа анализи на финансискиот пазар и европските трендови, со цел проширување на понудата на инвестициски инструменти. Проспектот за новата Граѓанска обврзница е во подготовка и се очекува да биде објавен до крајот на годината“, наведуваат од таму.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран