УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: Создаваме стабилно и транспарентно финансиско опкружување за економски раст

Димитриеска Кочоска: Создаваме стабилно и транспарентно финансиско опкружување за економски раст
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека Владата и Министерството за финансии се посветени на создавање стабилна, предвидлива и транспарентна економска средина што ќе поттикне доверба во институциите и економски раст.

На инвеститорскиот појадок организиран од Ерсте групацијата и Шпаркасе банка, министерката нагласи дека заложбата на институциите е насочена кон обезбедување поволна деловна клима во која приватниот сектор ќе може да се развива, а граѓаните и компаниите ќе имаат сигурност и доверба во системот.

„И покрај глобалните предизвици, домашната економија бележи стабилен раст што потврдува дека политиките што ги спроведуваме се ефективни и насочени кон стабилност и развој“, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека Владата продолжува со реформите во јавните финансии, поттикнување инвестиции и развој на современи финансиски инструменти, кои ќе отворат нови можности за раст и ќе придонесат за подобар животен стандард за сите граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран