Во Русија денеска се урна воен авион Су-30 за време на тренажен лет, при што загинаа двајцата членови на екипажот, соопшти Министерството за одбрана.
Несреќата се случила во Карелија, во близина на границата со Финска. Авионот паднал на ненаселено место, а во леталото немало муниција, со што не постоела дополнителна опасност по околината.























