УТРО.мк

Албанија ги отвори сите преговарачки поглавја; меѓувладина конференција со ЕУ на 17 ноември

Албанија ги отвори сите преговарачки поглавја; меѓувладина конференција со ЕУ на 17 ноември
Vero

Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави дека на 17 ноември ќе се одржи меѓувладина конференција со Европската Унија за отворање на последната група преговарачки поглавја со ЕУ.

„Албанија го постигна незамисливото – сите поглавја од преговорите беа отворени во рок од 12 месеци, што претставува апсолутен рекорд во процесот на европска интеграција“, напиша Рама на Фејсбук.

Тој истакна дека ништо не ја спречува Албанија да ја постигне својата главна цел: завршување на преговорите до 2027 година и полноправно членство во ЕУ до 2030 година. „Никој не може да нè спречи да ја постигнеме главната цел за затворање на преговорите во 2027 година. Покрај тешкотиите и неизбежните пречки, ние ја развиваме и зајакнуваме Албанија месец по месец“, нагласи Рама.

Според ЕУ, Албанија заедно со Црна Гора се меѓу најподготвените земји од Западен Балкан за приклучување кон Унијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран