УТРО.мк

Турција инвестира милијарди во новата „Челична купола“ за воздушна одбрана

Турција инвестира милијарди во новата „Челична купола“ за воздушна одбрана
Vero

Турската одбранбена компанија „АСЕЛСАН“ заедно со турската влада потпишаа договори вредни 1,122 милијарди евра за развој и производство на системот за воздушна одбрана „Челична купола“, пренесува CNNturk.com. Испораките според договорот се планирани да се извршат во периодот од 2027 до 2030 година.

Системот „Челична купола“ ги интегрира ракетните системи, радари, електрооптички сензори, комуникациски модули, командни и контролни центри и вештачка интелигенција, создавајќи единствен механизам за целосна воздушна одбрана на Турција.

Со креирање унифицирана воздушна слика и пренос на податоци во реално време до оперативните центри, системот овозможува брзо и прецизно донесување одлуки за одбраната, со што се зајакнува националниот безбедносен капацитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран