УТРО.мк

Рекордна заплена на марихуана во Србија: Пет тони дрога пронајдени и петмина осомничени, еден од нив поврзан со македонска компанија за канабис

Рекордна заплена на марихуана во Србија: Пет тони дрога пронајдени и петмина осомничени, еден од нив поврзан со македонска компанија за канабис
Vero

Београд / 1 февруари 2026 – Српското Обвинителство за организиран криминал потврди дека е откриена најголема заплена на марихуана во историјата на Србија – околу 5.002.079 грама (пет тони) наркотици, што биле нелегално пренесени од Македонија и биле наменети за понатамошна продажба во земјата.


Според обвинителниот акт, организирана криминална група во периодот од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година набавувала огромни количини марихуана во Македонија, која потоа била илегално транспортирана преку границата и пласирана на српскиот пазар.


Дрогата била транспортирана преку границата од осомничениот Иван Драгниќ, кој, според обвинителството, ја пренесувал по план на организаторот на групата и ја складирал во магацин поврзан со семејството Спасојевиќ. Потоа, осомничениот Урош Младеновски ја преземал марихуаната за понатамошна дистрибуција.


Специфичен е податокот што привлекува внимание – Иван Драгниќ е ко-сопственик на компанијата „ALPHAPHARM“ со седиште во Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, што ги отвора прашањата за потеклото на дрогата и евентуалната поврзаност со легалниот бизнис со канабис во Северна Македонија.


Јавниот обвинител за организиран криминал во Србија покрена истрага против петмина осомничени:
Александар Мијајловиќ (организатор, во бегство)
Небојша Спасојевиќ
Раде Спасојевиќ
Иван Драгниќ
Урош Младеновски.


По сослушувањата, сите осомничени го искористиле правото на молчење. Обвинителството побара притвор за нив, а за главниот организатор Мијајловиќ е распишана и меѓународна потерница.


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ја опиша оваа заплена како „апсолутен рекорд“ во историјата на српската полиција, истакнувајќи дека претходниот најголем откриен товар бил околу 1.960 килограми, додека за целата 2025 година биле запленети вкупно околу 6,1 тон наркотици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран
Fruti Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Mega Milioner
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija