
Американската амбасада во Тирана издаде алармантно предупредување до своите граѓани, укажувајќи на можно зголемување на заканите од ирански групи во Албанија. Според објавата на амбасадата на Фејсбук, потенцијални цели би можеле да бидат како субјекти поврзани со САД, така и ирански опозициски групи сместени на албанска територија.























