УТРО.мк

Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран

Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран
Vero

Иран испрати дипломатско предупредување до Бугарија, членка на НАТО, реагирајќи на присуството на американски авиони на софискиот аеродром „Васил Левски“. Нотата, датирана на 18 март, ја откри пратеникот Станислав Балабанов. Во неа, Техеран предупредува дека го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет и националните интереси, посочувајќи дека американските авиони, всушност, учествуваат во операции насочени против Иран.

Иранските власти категорично не се согласуваат со бугарските објаснувања дека авионотите биле дел од воени вежби. Според нив, 12-те американски летала се користат за дополнување гориво на бомбардерите кои учествуваат во „заедничка американско-ционистичка агресија“ врз Иран.

Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи, Марин Рајков, ја потврди автентичноста на нотата, но нагласи дека нема причина за паника. Тој истакна дека ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за воени операции и дека полнење гориво за мисии поврзани со конфликтот не се врши. Авионотите на аеродромот „Васил Левски“ се дел од редовни активности на НАТО за обука и распоредување, додаде Рајков, истакнувајќи дека бугарскиот Парламент не донел никаква одлука за вклучување во конфликтот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран