УТРО.мк

Празни плажи и скапи лежалки: Црна Гора ја губи битката со туристите?

Празни плажи и скапи лежалки: Црна Гора ја губи битката со туристите?
Vero

Летната сезона во Црна Гора е во полн ек, но туристите – ги нема како што се очекуваше. Видео снимка од празна плажа во Рафаиловиќи повторно ја разгоре дебатата за тоа дали ценовната политика, особено цените на лежалките, е главната причина за намалениот број посетители.

На снимката, која очигледно е направена во утрински часови, се гледа речиси празна плажа, а најчестиот коментар под видеото гласи: „Сакаа да ги исфрлат ‘парадајс’ туристите и да воведат луксуз, но изгледа нема ниту милијардери.“

Цените на комплет лежалки достигнуваат 30 евра за првиот ред, додека следните редови се поевтини за пет евра. За некои тоа е прифатливо и „очекувано“, додека други остро реагираат. „25 евра за пластична лежалка? За тие пари очекувам да ме мажи со крема и да ми каже каде е најевтиниот ручек“, се наведува во еден од популарните коментари.

Иако дел од јавноста брани дека снимките не ја прикажуваат реалната состојба бидејќи се направени во раните часови, сè повеќе туристи велат дека сезоната е далеку под очекувањата. Голем дел од нив, особено оние со понизок буџет, одлучуваат да летуваат во Грција, каде, според нив, за исти или пониски цени добиваат повеќе.

„Морам да работам два дена за една лежалка“, пишува еден коментатор, додека друг додава: „Сонцето е бесплатно, ама седењето под него стана луксуз.“

Сè погласни се гласовите дека токму ценовната политика на плажите, ограничениот слободен простор за капење и недостапноста за „обичниот турист“ се причините за падот на интересот за Црна Гора како летна дестинација. Сезоната е во тек, но прашање е дали има време за поправка на впечатокот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран