УТРО.мк

Пожар на Брач се приближи до хотели и кампови – евакуирани туристи

Пожар на Брач се приближи до хотели и кампови – евакуирани туристи
Vero

Голем шумски пожар рано утринава го зафати островот Брач, откако околу 3 часот по полноќ избувна во борова шума и брзо се прошири поради силниот ветер. Пламените јазици се приближија опасно блиску до повеќе објекти, вклучувајќи приватни куќи и туристички капацитети.

– Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици – изјави Никола Мартиновиќ, командир на оперативниот регион Брач.

На терен се распоредени 56 пожарникари со 22 противпожарни возила, а во акцијата учествува и авионот за гаснење „Канадер“. Според последните информации, пожарот е ставен под контрола, но силната бура и понатаму претставува закана и отежнува дел од активностите.

Пожарникарите ќе останат на терен и во текот на денот, а гаснењето најверојатно ќе продолжи и во ноќните часови, со цел да се спречи повторно разгорување на огнот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран