УТРО.мк

Грција со добри вести за туристите

Грција со добри вести за туристите
Vero

Грчката влада најави мерки за спречување на нови поскапувања на основните прехранбени производи во текот на летната туристичка сезона, со цел да ги заштити и домашните потрошувачи и милионите туристи кои престојуваат во земјата.

Министерот за развој Такис Теодорикакос соопшти дека по состанокот со претставници на прехранбената индустрија и синџирите на супермаркети е постигнат договор цените да останат стабилни во текот на јули и август, без нови зголемувања.

Според Теодорикакос, смирувањето на состојбата на Блискиот Исток придонело за нормализирање на цените на нафтата, со што се намалиле и инфлаторните притисоци на меѓународните пазари.

Тој посочи дека договорот ги опфаќа и околу 2.000 производи чии цени во изминатите месеци веќе биле намалени за околу шест проценти, благодарение на мерката за ограничување на профитните маржи. Компаниите се обврзале овие пониски цени да останат во сила и во текот на летниот период.

Министерот најави и подготовка на национален социјален пакт, кој треба да почне да се применува од почетокот на септември. Со него се предвидуваат дополнителни намалувања на цените на основните производи за широка потрошувачка како дел од мерките за поддршка на домаќинствата.

Воедно, тој потсети дека мерката за ограничување на профитните маржи, воведена како привремена мерка за справување со инфлацијата, истече на 30 јуни, а новите договори со трговците треба да обезбедат продолжување на трендот на стабилни и пониски цени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin