
Педесет и шестгодишна пешачка од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Македонски Просветители“, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена на 3 јули во 14:45 часот, а во неа учествувале запрено патничко возило „Киа“ со охридски регистарски ознаки, кое претходно го управувал А.А. (58), електричен мопед „Јадеа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.Н. (39), како и пешачката С.А. (56), сите од Охрид.
Според МВР, електричниот мопед удрил во пешачката, при што таа се здобила со тешки телесни повреди. Истите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.

















