УТРО.мк

На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска

На Инфективната клиника потврдени два случаи на Западнонилска треска
Vero

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски се потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Двајцата пациенти се хоспитализирани, се наоѓаат под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки.

„Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, соопшти Цана.

Западнонилската треска е вирусно заболување што се пренесува преку убод од инфициран комарец. Кај најголемиот дел од заразените лица болеста поминува без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај повозрасните лица и кај лицата со ослабен имунитет може да предизвика потешки невролошки компликации.

Од Клиниката апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, меѓу кои користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода каде што комарците се размножуваат.

Од здравствената установа нагласуваат дека во моментов нема причина за паника, но препорачуваат зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе добијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат лекарска помош.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin