УТРО.мк

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници

Мицкоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во завршна фаза, интензивно се работи на клучните делници
Vero

Изградбата на автопатот Охрид–Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека се решаваат, како што рече, еден по еден наследените проблеми, при што најголем предизвик претставуваат свлечиштата и косините долж трасата.

Според него, првата галерија од вкупно 14 е целосно завршена и асфалтирана, оценувајќи ја како „вистинско инженерско чудо“ кое барало сложени градежни решенија поради планинскиот терен.

Мицкоски информираше дека со силно темпо се работи и на тунелите, кои се во завршна фаза на изградба, додека околу 34 километри од автопатот веќе се ставени во функција и се користат од граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin