УТРО.мк

Тешка сообраќајка кај Страцин: Млад возач го загуби животот

Тешка сообраќајка кај Страцин: Млад возач го загуби животот
Vero

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, во општина Кратово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид.

Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, додека увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кратово.

Причините за несреќата се утврдуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin