УТРО.мк

Полицијата влезе во стан во Скопје – откри арсенал од наркотици, меѓу нив кокаин, ЛСД и екстази

Полицијата влезе во стан во Скопје – откри арсенал од наркотици, меѓу нив кокаин, ЛСД и екстази
Vero

Скопската полиција откри поголемо количество различни видови наркотични дроги при претрес во стан во главниот град, спроведен по судска наредба. Во акцијата биле пронајдени и одземени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и повеќе други видови наркотици.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода.

При претресот полицијата пронашла околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и помали количества амфетамин, екстази, ЛСД, масло и смола од хашиш, како и халуциногени печурки.

Од МВР информираат дека осомничените се задржани за понатамошна постапка, а од страна на Единицата за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава по итна постапка.

Истрагата за случајот продолжува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin