
Деветнаесетгодишно момче од Скопје пријавило во полиција дека било жртва на закани со пиштол на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јули 2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје, В.К.(19) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот, додека бил со неговиот брат и другар за да се сретнат со друго лице, дошле А.Б. и уште едно лице, при што А.Б. со огнено оружје – пиштол им упатувал закани.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

















