УТРО.мк

ВИДЕО: Трет пожар попладнево во Штип, евакуирани работници од Штипската млекара

ВИДЕО: Трет пожар попладнево во Штип, евакуирани работници од Штипската млекара
Vero

Попладнево избувна трет пожар на територијата на Општина Штип, овојпат помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева.

На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, полициски службеници и жители од населбата Каленица. Од безбедносни причини беа евакуирани и работничките од текстилната конфекција „Албатрос“.

Во меѓувреме, локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој претходно зафати поголема површина и се закануваше да се прошири кон куќите во истоимената населба. Во неговото гаснење учествуваа пожарникари, доброволци и локално население. Според очевидци, причината за пожарот најверојатно е искрење од жица на електричен столб.

Во штипското село Чардаклија, пак, пожар зафати фотоволтаична централа, која целосно изгоре. Покрај стариот регионален пат сè уште има тлеење на теренот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека материјалната штета од пожарот кај фотоволтаичната централа е голема.

Надлежните служби и понатаму се на терен и работат на целосно ставање на пожарите под контрола, а граѓаните се повикуваат да ги почитуваат упатствата на службите и да избегнуваат движење во загрозените подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin