УТРО.мк

Огнена стихија во Штип: Сите служби на терен, се бранат објектите кај Исар

Огнена стихија во Штип: Сите служби на терен, се бранат објектите кај Исар
Vero

Во Штип се активни два поголеми пожари – на тврдината Исар и во селото Чардаклија, каде што се зафатени фотоволтаични системи и се предизвикува значителна материјална штета.

На терен во населбата Исар се ангажирани сите расположливи противпожарни возила, пожарникари и доброволци од ДПД Штип, како и локални жители и волонтери. Со цистерни со вода, лопати и помош од околните куќи, тие се обидуваат да спречат ширење на огнот кон најблиските објекти.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека за среќа нема повредени лица и дека во населбата Исар досега не се зафатени куќи.

Според првичните информации и искази на очевидци, се претпоставува дека пожарот кај Исар избил поради искрење од жица на електричен столб.

Јорданов информира дека истовремено пожарот во селото Чардаклија зафатил фотоволтаични панели, при што е регистрирана поголема материјална штета.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, најави дека во гаснењето на пожарот на тврдината Исар ќе биде вклучен и ер трактор.

Поради состојбата, затворен за сообраќај е дел од булеварот „Гоце Делчев“, а надлежните апелираат граѓаните да ги следат инструкциите и да избегнуваат движење во погодените подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin