УТРО.мк

Промовирана првата поетска збирка „Лузни што зборуваат“ на Радица Таскова

Промовирана првата поетска збирка „Лузни што зборуваат“ на Радица Таскова
Vero

Пред Домот на културата во Кратово на 27 јуни се одржа промоција на првата книга „Лузни што зборуваат“ од проф. Радица Таскова, професор по македонски јазик и литература.

Станува збор за поетска збирка инспирирана од темата на семејното насилство, со цел да се подигне јавната свест и да им се даде глас на жртвите кои долго време молчеле.

Авторката истакнува дека делото претставува личен и општествено ангажиран уметнички израз, насочен кон поттикнување на дебата и поголема чувствителност за оваа појава.

Особена тежина на книгата даваат рецензиите на проф. д-р Венко Андоновски и проф. и лектор Марија Лозановска, кои, како што наведува авторката, претставуваат значајна поддршка за нејзиното прво авторско дело.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin