УТРО.мк

Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани

Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани
Vero

Пожар изби денеска над селото Белица, во општина Македонски Брод, на границата со ловиштето „Јасен“, информираат надлежните служби.

На терен се упатени екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод, како и тимови од ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“.

Според првичните информации, станува збор за релативно мал пожар, но тој се одвива на исклучително тешко пристапен терен, до кој може да се пристапи само пеш.

Поради условите на теренот, во гаснењето ќе бидат вклучени и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои се очекува да полетаат во секој момент.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin