
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишија од слобода 15 лица кај кои при преглед е пронајдена дрога од различен вид.
Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода шест лица: М.М. (35), А.В. (47), С.Д. (32), Д.Ј. (50), В.Н. (20) и И.Р. (37), сите од Скопје, како и С.Р. (34) од село Инџиково и Т.Л. (50) од Германија. При преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја, марихуана и таблети.
На 03.07.2026 година во 01:45 часот, на регионалниот пат Кичево–Македонски Брод, лишени од слобода се Д.Н. (21) и С.П. (25), двајцата од Кичево, кај кои била пронајдена марихуана и други предмети.
На 04.07.2026 година во 01:50 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициските службеници го лишија од слобода С.Д. (26) од гостиварското село Чегране, кој се обидел да сокрие паковка со бела прашкаста материја во устата.
Во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода Ф.Ѓ. (34) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.
На Граничниот премин Табановце, на 03.07.2026 година во 09:15 часот, при влез во државата, лишени од слобода се Л.М.Б. (36) од Унгарија и Е.Џ.М.К. (28) од Финска, кај кои при контрола на возило и багаж била пронајдена наркотична дрога и бела прашкаста материја.
Во Стар Дојран, на 03.07.2026 година во 20:00 часот, полициски службеници го лишија од слобода М.Р. (21) од Битола, кај кого во возило „хонда“ била пронајдена марихуана.

















