
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре (3 јули) четири населени места во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди.
Според најавата, прекин на електричната енергија ќе има:
- Агино Село– од09:00 до 12:00 часот, на објектите кои се наоѓаат на потегот од Кожара кон Тетекс.
- Стримница– од09:30 до 14:00 часот, во дел од селото.
- Палатица– од09:30 до 14:30 часот, во дел од селото.
- Теарце– ќе биде без струја од07:00 до 19:00 часотпоради работи на локацијата ХЕЦ „Бистрица“.

















