УТРО.мк

Грантови за самовработување и за иселениците

Грантови за самовработување и за иселениците
Vero

Грантовите за самовработување годинава ќе бидат достапни и за младите иселеници кои сакаат да се вратат и да инвестираат во сопствен бизнис во своето родно место. За оваа категорија е предвиден и бонус од 10 отсто над основниот износ на грантот. Мерките беа промовирани во Кичево.

Еден од присутните, кој планира да се врати од Германија, побара појаснување дали има право на користење на грантот, со оглед дека веќе има регистрирано фирма.

Тој изјави дека има бизнис-идеја за увоз на колбаси и салами од Германија и Холандија и дека компанијата ја отворил пред шест месеци, но сè уште не започнал со работа.

Од надлежните беше појаснето дека тој може да аплицира како физичко лице во рамките на мерките за поддршка на вработувањето.

Дополнителни прашања беа поставени и од други граѓани во врска со начинот на користење на средствата, односно дали тие можат да се користат за плати и тековни трошоци или исклучиво за опрема.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, појасни дека мерката е поделена во три категории и дека досега помогнала на голем број млади лица да започнат сопствен бизнис.

Според него, лицата до 29 години може да добијат до 10 илјади евра, додека над 29 години до 7 илјади евра. Третата категорија предвидува двајца млади заедно да основаат бизнис и да добијат вкупно до 20 илјади евра.

Од Агенцијата за вработување појаснија дека одредени категории не се опфатени со мерката, меѓу кои земјоделците, како и дејности поврзани со оружје, финансиски услуги, обложувалници, казина и приватни агенции за вработување.

Основен услов за аплицирање е лицето да биде невработено и евидентирано како активен барател на работа во Агенцијата за вработување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin