УТРО.мк

Николоски: Над четири милиони евра инвестираме во инфраструктурни проекти во Неготино

Николоски: Над четири милиони евра инвестираме во инфраструктурни проекти во Неготино
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.

Според Николоски, во Неготино се инвестираат над четири милиони евра во изградба и реконструкција на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови и плоштади, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и поттикнување на локалниот економски развој.

Тој информираше дека преку Министерството за транспорт се реализира реконструкцијата на улицата „29-ти Ноември“, проект вреден 28,7 милиони денари, како и изградбата на кружен тек со инвестиција од 9,8 милиони денари.

Николоски посочи дека, покрај овие проекти, во општина Неготино преку двата владини јавни повици за инфраструктурни проекти се реализираат вкупно 12 проекти насочени кон подобрување на урбаното живеење и развој на локалната економија.

„Над четири милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови и плоштади. Продолжуваме со реализација на проекти што носат подобра инфраструктура и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Николоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin