УТРО.мк

Му дал 91.000 денари за материјал, мајсторот исчезнал

Му дал 91.000 денари за материјал, мајсторот исчезнал
Vero

Битолчанец пријавил во полиција дека бил измамен од лице кое се претставило како мајстор за поставување плочки, откако му предал 91.000 денари за набавка на материјали за реновирање на купатило.

Според информациите од СВР Битола, А.Д. (59) од Битола го ангажирал лицето за изведување градежни работи во неговиот стан и му ги доверил парите со цел набавка на потребниот материјал.

Сепак, до моментот на пријавата, лицето не започнало со договорените работи и целосно избегнувало контакт со оштетениот, по што тој сфатил дека е измамен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin