УТРО.мк

Директен судир на патот Штип–Пробиштип: Возило избегнувало пламен и навлегло во спротивна лента

Директен судир на патот Штип–Пробиштип: Возило избегнувало пламен и навлегло во спротивна лента
Vero

Две патнички возила денеска директно се судриле на магистралниот пат Штип–Пробиштип, откако едното возило, според првичните информации, во обид да избегне пламени наноси од активен пожар, навлегло во спротивната сообраќајна лента.

Несреќата се случила кога возилото кое се движело кон Штип преминало на спротивната страна од коловозот и директно се судрило со автомобил што доаѓал од спротивен правец.

Во сообраќајната несреќа повредени се повеќе лица, кои со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во болница, каде им е укажана лекарска помош. Засега нема информации за тежината на нивните повреди.

Покрај повредените во судирот, неколку лица побарале медицинска помош поради вдишување чад од пожарите што беснеат во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin