УТРО.мк

Приведени тројца осомничени за нападот со нож врз 14-годишник во Скопје

Приведени тројца осомничени за нападот со нож врз 14-годишник во Скопје
Vero

По неколкудневна истрага, полицијата приведе три лица осомничени за бруталниот напад врз 14-годишно момче, кој минатата недела се случи на подрачјето на скопската населба Гази Баба. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава по целосното расчистување на случајот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 22 јуни околу 23:05 часот, кога тројцата физички го нападнале малолетникот и му нанеле повреди со остар предмет.

Родителите на повреденото момче претходно изјавија дека нивниот син бил нападнат без никаква причина. Според нивните тврдења, напаѓачите почнале да го тепаат, по што едно од лицата извадило нож и го прободело.

Како последица на повредите, момчето паднало во бесознание, а напаѓачите избегале од местото на настанот. Малолетникот го пронашол случаен минувач, кој веднаш повикал Итна медицинска помош и полиција. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар, каде што бил подложен на хируршка интервенција.

Од МВР соопштија дека со приведените се извршени службени разговори и дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор: 4news

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin