
Текстилната индустрија e во редот на позначајните извозно ориентирани гранки на македонската економија, иако веќе подолг период се соочува со сериозни предизвици – недостиг од работна сила, раст на трошоците за производство, притисок од азиската конкуренција и намалена побарувачка на европските пазари. Во последните години секторот постепено се трансформира, при што класичното конфекциско производство им отстапува простор на производителите на технички текстил и на компаниите што работат за автомобилската индустрија, каде што се создава значително повисока додадена вредност.
Тие промени се пренесуваат и врз крајните ефекти од работењето. Секторот лани успеал да ги подобри финансиските резултати: со раст од 11,35 насто вкупниот приход достигнал 197,4 милиони евра, а вкупната добивка се зголемила на 11,5 милиони евра, односно за 16,29 насто. Податоците што порталотПари ги обезбедува од Бизнис Мрежа ги опфаќаат деловните активности на 208 компании.


















