
Лишени од слобода 23 лица во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога
На 02/3.07.2026 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(19), Г.Љ.(38), М.Б.(22), Н.Т.(25), М.А.(40) сите од Скопје, Н.Ј.(22) од с.Сладуево, демирхисарско, В.С.(35) од Македонски Брод, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.07.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.А.(41) од Тетово. Во периодот од 17:20 до 18:05 часот, полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории во Тетово, при што била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 18:15 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ОВР Гостивар го лишија од слобода Ч.Ф.(54) од Гостивар. При извршен преглед над лицето, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 11:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(29) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, црна тврда материја и таблети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.07.2026 година во 14:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Р.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.07.2026 во 06:30 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Е.К.(32) од Крива Паланка. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.07.2026 во 21:10 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(42) од Радовиш, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што бил пронајден и одземен кокаин. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 21:30 часот на регионален пат помеѓу селата Дедино и Конче, општина Конче, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.К.(40) и Д.К.(45) и двајцата од Скопје. При извршен преглед на патничко возило сопственост на Д.К., во кое биле затекнати лицата е пронајден и одземен хашиш. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.07.2026 во 12:30 часот на ул.„15-ти Мај“ во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Л.(32) и М.Л.(34) двајцата од битолско, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 14:45 часот полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода Ф.Ш.(30) и А.Ш.(29) двајцата од Ресен. Имено, со наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во домот и помошните простории кои ги користат лицата, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 11:40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.П.(30) од Прилеп. Имено, со наредба од Основен суд Прилеп бил извршен претрес во домот и помошните простории кои ги користи Л.П., при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 16:30 часот на ул.„Левче Стефаноски Тарзан“ во Кичево, полициски службеници ги лишија од слобода Б.Б.(32) од с.Богојци, Б.М.(42) од с.Горно Татеши и Н.Д.(23) од с.Ливада, општина Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале и по извршени проверки, кај Б.М. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно расветлување и документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

















