УТРО.мк

Стојаноски: Овој ребаланс е победа на бројките над манипулациите, нуди развој и инвестиции

Стојаноски: Овој ребаланс е победа на бројките над манипулациите, нуди развој и инвестиции
Vero

На денешната комисиска расправа во Собранието по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, истакна дека предложениот ребаланс претставува документ кој ја отсликува реалната состојба во економијата и покажува одговорно управување со јавните финансии.


„Денес не расправаме само за техничка измена на еден буџетски документ. Не расправаме само за бројка плус или бројка минус. Расправаме за Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година, документ кој покажува како државата се прилагодува на реалните економски движења, како ги следи приходите, како ги контролира расходите и како ги насочува средствата таму каде што создаваат најголема вредност. Овој ребаланс е победа на бројките над манипулациите и документ кој нуди развој и инвестиции“, истакна Стојаноски.


Тој посочи дека со предложениот Ребаланс, вкупните приходи се зголемуваат од 374,9 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2%. Воедно, вкупните расходи се зголемуваат од 414 милијарди и 174 милиони денари на 425 милијарди и 774 милиони денари, што е зголемување од 11 милијарди и 600 милиони денари, или 2,8%.
Стојаноски нагласи дека средствата за капитални инвестиции растат од 40 милијарди и 122 милиони денари на 45 милијарди и 936 милиони денари, што претставува зголемување од 5 милијарди и 814 милиони денари, односно 14,5%.
Дополнително, развојните потпрограми достигнуваат 41 милијарда и 58 милиони денари, што е зголемување од 4 милијарди и 215 милиони денари, односно 11,4%.
Осврнувајќи се на структурата на Предлог-ребалансот, Стојаноски истакна дека бројките јасно ја покажуваат насоката на економските политики.


„Кога ќе го погледнеме Ребалансот бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна: приходите растат, но не се напумпани, расходите растат, но има рационализација,  стоки и услуги се намалуваат,  капиталните расходи растат, социјалната заштита расте, здравството расте,  образованието расте,  животната средина расте, општините добиваат повеќе, земјоделството добива повеќе“, потенцираше Стојаноски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin