УТРО.мк

Три експлозии пред домовите на функционери на Нова демократија во Солун, Мицотакис: Ќе ги изведеме пред правдата

Три експлозии пред домовите на функционери на Нова демократија во Солун, Мицотакис: Ќе ги изведеме пред правдата
Vero

Три координирани експлозии утрово го потресоа Солун, откако импровизирани запаливи и експлозивни направи беа активирани пред домовите на членови и функционери на владејачката партија Нова демократија.

Нападите се случиле меѓу 4:00 и 4:45 часот на три различни локации. Според првичните информации, направите биле изработени од камперски плински боци и запалив материјал.

Во првите два напади била предизвикана материјална штета, додека во третиот биле зафатени неколку автомобили и мотоцикли, при што се повредени пет лица.

Меѓу повредените е и кандидатката за пратеник од Нова демократија, Афродити Нестора, која се здобила со изгореници. Нејзината мајка е во критична состојба и се наоѓа на интензивна нега, а уште тројца жители биле хоспитализирани поради вдишување чад.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис отпатува во Солун за да ги посети повредените и остро ги осуди нападите, оценувајќи ги како „кукавички обид за убиство“ и порача дека политичкото насилство нема место во демократско општество.

„Испраќаме јасна порака: ќе ве најдеме и ќе ве изведеме пред лицето на правдата“, изјави Мицотакис, додавајќи дека Грција нема да покаже никаква толеранција кон каква било појава на нов тероризам.

Тој потсети дека Нова демократија во минатото била жртва на домашниот тероризам и нагласи дека државата нема да дозволи повторување на такви настани.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите. Грчката полиција спроведува интензивна истрага, а првичните сознанија укажуваат дека цел биле лица поврзани со владејачката партија.

Експлозиите се случиле пред домовите на претседателот на Управниот комитет на Нова демократија во Солун, Зисис Јоакимовиц, поранешниот пратеник Савас Анастасиадис и партиската кандидатка Афродити Нестора.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin