УТРО.мк

Русија ги затвори последните железнички премини кон Европската Унија

Русија ги затвори последните железнички премини кон Европската Унија
Vero

Русија денеска го прекина железничкиот сообраќај преку последните отворени гранични премини со Европската Унија, со што целосно се прекинува железничката комуникација со Финска, Естонија и Латвија.

Одлуката, која беше донесена синоќа, стапи во сила денеска и се однесува на целиот железнички превоз – патници, возила, стока и товар.

Руското Министерство за надворешни работи официјално ги известило Финска, Естонија и Латвија за мерката, но засега не е соопштено дали затворањето е привремено или трајно.

Поголемиот дел од железничките врски меѓу Финска и Русија веќе беа суспендирани по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, а во декември 2023 година Финска целосно ја затвори својата источна граница со Русија.

До денес во функција останаа железничките премини кај Пехорија, на границата со Естонија, и Питалово, во близина на Латвија, кои сега исто така се затворени.

Овој потег доаѓа во период на засилени руски воени активности долж границите со земјите-членки на НАТО. Според достапните информации, Русија гради нови касарни, складишта за муниција и логистички капацитети во близина на границите со Финска, Норвешка и балтичките држави.

Проценките се дека, по завршувањето на војната во Украина, во овој регион би можеле да бидат распоредени до 115.000 руски војници, што дополнително ги зголемува безбедносните тензии во североисточниот дел на Европа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin