УТРО.мк

Голем шумски пожар на Евија: евакуирани населени места, ангажирани десетици пожарникари и воздухоплови

Голем шумски пожар на Евија: евакуирани населени места, ангажирани десетици пожарникари и воздухоплови
Vero

Голем шумски пожар избувна на грчкиот остров Евија, поради што властите наредија евакуација на две населени места, додека на терен се ангажирани десетици пожарникари, како и воздушна поддршка со авиони и хеликоптери, пренесува „Ројтерс“.

Според противпожарната служба на Грција, во гаснењето на огнената стихија учествуваат 88 пожарникари и доброволци. Дополнително се вклучени осум противпожарни авиони и шест хеликоптери.

Жителите на загрозените села добиле наредба за итна евакуација, поради брзото ширење на огнот поттикнато од силни северни ветрови, соопштија властите.

Пожарот, кој се развива на неколку локации, ја отежнува интервенцијата на екипите на терен, а ситуацијата дополнително се усложнува поради временските услови.

Грција, како и другите медитерански земји, во текот на летните месеци често се соочува со шумски пожари, кои во последните години стануваат сè поинтензивни и поразорни, делумно како последица на климатските промени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin