УТРО.мк

Македонски државјанин призна убиство на жена во Грција, телото пронајдено закопано во нива

Македонски државјанин призна убиство на жена во Грција, телото пронајдено закопано во нива
Vero

Македонски државјанин на 43 години признал дека ја убил 45-годишната Ставрула Левентаки, која неколку дена се водеше како исчезната во градот Ханија на грчкиот остров Крит.

Според грчките медиуми, осомничениот пред истражните органи изјавил дека до трагичниот настан дошло по расправија поврзана со имот што го изнајмувал од жртвата. Во текот на конфликтот, тој ја нападнал жената и ѝ нанел смртоносни повреди.

По убиството, како што стои во неговото признание, телото го ставил во вреќа, го пренел со возило и го закопал на земјоделска површина на околу пет километри од местото на живеење на жртвата.

Полицијата подоцна го открила телото токму на таа локација, откако истражните активности ги насочиле кон осомничениот, меѓу другото и по пронајдени траги во околината.

Осомничениот првично негирал било каква поврзаност со исчезнувањето на жената, но подоцна, по негово приведување во рамки на друга истрага поврзана со дрога, го признал делото.

Тој пред истражителите изјавил и дека во меѓувреме се криел бидејќи, според неговите тврдења, добивал закани од блиски на жртвата. Грчките власти продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin