
На 20.06.2026 година во 17:30 часот, пред паркот на Универзитетот во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д. (20) и Л.А. (26), двајцата од Тетово.
Според информациите, при пресметката било употребено ладно оружје – нож, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д.
Повредениот М.Д. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.
Полициските службеници кои го обезбедувале настанот веднаш интервенирале, при што на местото на настанот бил пронајден нож, а Л.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, од надлежните органи ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















