
Седум лица лишени од слобода во Скопје и гостиварско затоа што кај нив била пронајдена дрога
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.
На 20.06.2026 во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 20.06.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
На 20.06.2026 во 19:40 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.06.2026 во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
На 20.06.2025 во 23:50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.06.2025 во 00:45 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 20.06.2026 во 17:30 часот во с.Палчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Л.С.(21) од с.Долно Палчиште. Откако ги забележал на полициските службеници, тој фрлил едно пакување со марихуана, кое пронајднео и одземено.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

















