УТРО.мк

Вандали со мотори демолираат училишен двор во Аеродром, поднесени пријави против сторителите

Вандали со мотори демолираат училишен двор во Аеродром, поднесени пријави против сторителите
Vero

Група млади лица два дена по ред вандализирале училишен двор во скопската општина Аеродром, предизвикувајќи материјална штета и неред во просторот наменет за учениците и граѓаните.

Според информациите што ги објави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, инцидентите се случувале околу 22:30 часот, кога лицата со мотори превртувале контејнери, оштетувале урбана опрема и зад себе оставале уништен јавен простор.

„За жал, вакво неодговорно однесување е забележано и на повеќе локации низ општината – со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Затоа, во соработка со МВР, ги засилуваме контролите и надзорот на критичните локации. Таквото однесување нема да биде толерирано“, порача Митевски.

Тој информираше дека сторителите се веќе идентификувани и дека против нив е поднесена соодветна пријава.

Од Општината најавуваат засилени контроли и поголем надзор на јавните површини со цел да се спречат нови случаи на вандализам и уништување на јавниот имот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin