УТРО.мк

Девојче се обидело да си го одземе животот поради насилството на таткото, жена скокнала од автомобил бегајќи од сопругот

Девојче се обидело да си го одземе животот поради насилството на таткото, жена скокнала од автомобил бегајќи од сопругот
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица осомничени за семејно насилство и загрозување на сигурноста во два одвоени случаи.

Во првиот случај, постапка е поведена против 56-годишен маж кој подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Според обвинителството, иако осомничениот континуирано покажувал агресивно однесување, членовите на семејството од страв не го пријавувале. Ситуацијата кулминирала кога 15-годишната ќерка, не можејќи повеќе да се справи со заканите, навредите и притисоците од таткото, се обидела да си го одземе животот.

Во вториот случај, обвинителството поведе постапка против 33-годишен скопјанец кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. Инцидентот се случил на 20 јуни, кога осомничениот во возило ја влечел и ѝ се заканувал на сопругата, а во еден момент се обидел да ја удри со стаклено шише.

Жената успеала да ја отвори вратата од возилото и да скокне додека тоа било во движење, но осомничениот застанал и се обидел повторно насила да ја внесе во автомобилот. При инцидентот таа се здобила со телесни повреди.

За двајцата осомничени јавниот обвинител предложил повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за приближување, контактирање и посетување на местата каде што се движат оштетените лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin