УТРО.мк

Колку пари ви требаат за летување во Црна Гора ова лето? Еве ги цените за сместување, плажи и храна

Колку пари ви требаат за летување во Црна Гора ова лето? Еве ги цените за сместување, плажи и храна
Vero

Црна Гора и ова лето останува една од најбараните дестинации за одмор на Јадранското Море, а интересот за сместување е голем уште пред почетокот на главната туристичка сезона.

Според туристичките работници, цените на приватното сместување започнуваат од околу 50 евра за апартман со четири кревети, што значи дека едно лице во просек плаќа околу 15 евра по ноќевање.

За четиричлено семејство кое планира десетдневен одмор, трошокот за сместување изнесува најмалку 500 евра. Апартманите со подобра локација, поглед кон морето или поголема тераса достигнуваат цена од околу 80 евра по ноќ.

Туристичките работници истакнуваат дека во последните години значително е подобрен квалитетот на сместувачките капацитети, па гостите денес можат да избираат меѓу модерно уредени и целосно реновирани апартмани.

Кога станува збор за плажите, цената за сет од две лежалки и чадор започнува од 10 евра, додека на популарните плажи во Будва и Бечиќи може да достигне и до 20 евра. Сепак, на повеќето плажи постојат и бесплатни зони каде посетителите можат да постават сопствени чадори и пешкири.

Цените на храната и пијалаците се движат во рамки на просекот за туристичките дестинации на Јадранот. Шише вода чини околу 2 евра, кафе од 1,80 до 2,50 евра, пиво од 3 до 3,50 евра, додека коктелите се движат од 8 до 15 евра. Пица може да се нарача за 7 до 10 евра, а парче пица чини околу 3 евра.

Со оглед на понудата и цените, Црна Гора и ова лето останува една од најдостапните морски дестинации за семејствата од регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin