УТРО.мк

250.000 граѓани на протест во Тирана: Се засилува притисокот врз Рама поради проектот „Зврнец“

250.000 граѓани на протест во Тирана: Се засилува притисокот врз Рама поради проектот „Зврнец“
Vero

Во албанската престолнина Тирана синоќа се одржа 21-от протест против проектот „Зврнец“, кој организаторите го оценија како најмасовен досега. На собирот учествувале и Албанци од соседните земји, како и претставници на дијаспората од западноевропските држави и од САД.

Според проценките на организаторите, на протестот присуствувале околу 250.000 граѓани. Демонстрантите повторно побараа оставка од премиерот Еди Рама, стопирање на проектите во Зврнец и на островот Сазан, како и укинување на законот од 2024 година кој овозможува изградба во заштитени подрачја и на законот за стратешки инвеститори.

Протестот започнал на плоштадот „Скендербег“, од каде што учесниците марширале кон зградата на Владата. Пред насобраните се обратиле повеќе говорници, кои ги повториле барањата на организаторите и упатиле критики кон актуелната власт.

По повеќе од два часа обраќања, демонстрантите продолжиле со марш низ централното градско подрачје, минувајќи покрај неколку препознатливи локации, меѓу кои и објектот „Пирамида“.

Дел од учесниците останале пред владината зграда и во текот на ноќта, испраќајќи порака дека и премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Сали Бериша треба да се повлечат од политичката сцена.

Организаторите предупредија дека протестите би можеле дополнително да се интензивираат доколку нивните барања не бидат исполнети во наредниот период.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin