УТРО.мк

Албански државјанин приведен на граничниот премин Ќафасан по инцидент со полицијата

Албански државјанин приведен на граничниот премин Ќафасан по инцидент со полицијата
Vero

Полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ привеле 40-годишен државјанин на Албанија поради недолично однесување кон службените лица при извршување на нивните работни задачи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 јуни околу 16:05 часот, при влез на лицето во Република Македонија.

По приведувањето, албанскиот државјанин бил предаден во Полициската станица Струга, каде што се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin