
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на патот Битола – Маково, во близина на селото Логоварди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 јуни во 00:19 часот, а во неа учествувале три патнички возила. Станува збор за „Ауди“ управувано од 23-годишниот Д.Б. од Логоварди, „Форд“ управуван од 23-годишниот А.П. од Битола, во кој се превезувал и 13-годишен сопатник, како и „Мазда“ управувана од 23-годишниот А.К. од селото Добромири, Општина Новаци, со 29-годишна сопатничка.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачите А.П. и А.К., додека сопатниците се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

















