УТРО.мк

Маѓар: Западен Балкан не смее да остане во втор план во процесот на проширување на ЕУ

Маѓар: Западен Балкан не смее да остане во втор план во процесот на проширување на ЕУ
Vero

Унгарскиот премиер Петер Маѓар порача дека Европската Унија не треба да го забрзува пристапувањето на Украина на сметка на земјите од Западен Балкан, кои со години се наоѓаат во процесот на евроинтеграција.

Говорејќи пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел, Маѓар истакна дека проширувањето на Унијата мора да се темели на исполнување на критериумите и постигнатите резултати, а не на политички одлуки.

Тој оцени дека би било неправедно и непрагматично одредени кандидатки да добијат забрзан пат кон членство, додека државите од Западен Балкан со години чекаат напредок во пристапниот процес.

Маѓар додаде дека е малку веројатно сите земји-членки на ЕУ да имаат идентичен став за ова прашање, но нагласи дека Унгарија ќе продолжи да ги брани своите позиции и интереси во разговорите за идното проширување на Европската Унија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin